Македонија
22. March 2017 - 20:20

Без вода утре делови од Ѓорче Петров и Сопиште

Без вода утре од 14:10 часот до санирање на дефект ќе бидат корисниците од Новосело, во општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица ф-100 мм на улица 1 број 21 во Новосело.

Поради поврзување на водоводна мрежа во Сончев град - Сопиште утре од 8:00 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците од Добри Дол, Ракотинци и Сопиште.