Loading Video...
Ракомет
6. November 2020 - 20:01

Без Манасков во Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија денеска отпатува за Швајцарија каде утре во 18.30чп го игра вториот квалификациски дуел за ЕП за две години. За жал селекторот Брестовац за овој дуел остана без услугите на Дејан Манасков. 
Нашиот национален тим по добрата игра и победата против Финска денеска го затече најпрвин позитивиот тест на Ковид-19 на еден од тренерите но и откажувањето во последен момент на  Дејан Манасков.  
Левото крило не можеше да отпатува со чартерот за Цирих поради неможноста во Швајцарија да го направи потребниот тест за коронавирус пред да се врати во Унгарија.  Од тие причини селекторот Брестовац на оваа позиција ќе го има само Бојан Маџовски што ќе биде сигурно голем хендикеп на гостувањето во Шафхаузен. 
Да потсетиме дека  за дуелот во Швајцарија Македонија остана и без услугите на Марио Танкоски, Мартин Поповски, Мартин Велковски и голманот Кизиќ. 
Испразнетото место во националниот тим ќе го пополни дефанзивецот Кукоски. 
Македонија и Данска имаат по една победа во групата и доколку утре ги совладаат Швајцарија и Финска ќе направат голем чекор кон првите две позиции во групата.