Loading Video...
Тенис
14. February 2021 - 17:58

Без изненадувања кај дамите во осминафиналето на АО

Познати се половина од четвртфиналните парови на Австралија Опен, кај дамите.

2-та носителка Симона Халеп место меѓу осумте најдобри обезбеди со победата над Сватек од Полска си 2-1 во сетови. Романката ќе има тешка задача за влез во полуфиналето бидејќи нејзина противничка во четвртфиналната рунда ќе биде Американката, Серена Вилијамс која во три сета беше подобра од Белорусинката, Сабаленка. 

 
Третата фаворитка кај дамите Јапонката, Осака исто така мораше да одигра три сета во дуелот против Муруруза од Шпанија, а единствено нејзината противничка во следната рунда Су Веи Хиеши од Кинески Тајпеи во два сета ја доби Водрушова од Чешка. 
 
Утре на програмата се преостанатите осум меча од осминафиналето по кои ќе бидат формирани и преостанатите четвртфинални парови во двете конкуренции