Фудбал
26. September 2022 - 21:34

Без голови во првото полувреме на мечот Македонија - Бугарија

Првото полувреме од натпреварот меѓу Македонија и Бугарија на Националната арена во Скопје заврши без постигнати голови.

Првите 45 минути од натпреварот поминаа со многу прекини. Жолти картони заработија Миовски, Петков, Стефанов и Груев, а нашиот репрезентативец Тодороски заработи црвен картон во 14` минута од мечот откако македонскиот бек стартуваше со отворен ѓон над бугарскиот репрезентативец Петков.

Арбитрите го проодлжија првото полувреме за 2 минути поради кратките прекини.