Фудбал
24. јуни 2021 - 15:36

Бензема: Роналдо е мој голем пријател, беше убаво што се сретнавме повторно

 Напаѓачот на Франција, Карим Бензема, зборуваше за неговата средба со Кристијано Роналдо, поранешниот соиграч од Реал Мадрид.

Вчеравечер напаѓачите се сретнаа на фудбалскиот терен на натпреварот од ЕВРО 2020 помеѓу Франција и Португалија (2:2).

– Роналдо е мој голем пријател, постигнавме многу во Реал Мадрид, постигнавме многу заедно. Беше одлично да го видам повторно. Разговаравме, си посакувавме среќа на натпреварите за нашите репрезентации и клубови, изјави Бензема.

Роналдо во 2018 година од Реал замина во Јувентус.