Балкан
26. March 2021 - 16:46

Белградски саем како во времето на СФРЈ, македонските граѓани добија повик за бесплатна вакцина

Белградскиот саем како поранешна СФРЈ. Соседите се благодарни на Србија за овозможената имунизација против коронавирусот. Хала 3 од утрово е преполна со државајни на Босна и Херцеговина, Црна Хора и на Хрватска. Одлучиле да се вакцинираат во Србија бидејќи како што велат во нивните земји премногу се доцни со вакцинацијата. За странците  достапна е Астра Зенека вакцината и таа е бесплатна. 

Импресионирани се од топлиот прием и организацијата. Ги повикаа сонадордниците кои се во можност да ја искористат подадена рака од Србија.

Дел од нив одлучле токму денеска да се вакцинираат во Србија за да ги избегнат најавените гужви за викендов. 

Утре и во недела  во Србија ќе се вакцинираат и голем број македонски граѓани кој аплицирале за вакцина преку електронската управа.