Тенис
27. November 2015 - 19:00

Белгија поведе со 1-0 против В.Британија во финалето на Дејвис купот

 
Тениската селекција на Белгија поведе со 1-0 во победи против Велика Британија во финалето на Дејвис купот.
 
Во првиот меч од завршницата на ова натпреварување, кое се одржува во белгискиот град Гент, домашната селекција до водство од 1-0 ја доведе Давид Гофин кој во пет одиграни сета го победи Кајл Едмунд со 3-2.
 
Иако младиот Британец имаше водство од 2-0 во сетови, добивајќи ги првиот и вториот со 6:3 и 6:1, сепак Гофин бодрен од домашната публика успеа во целост да се врати во игра добивајќи ги следните два со идентични 6:2, а потоа и комплетно да направи пресврт, решавајќи го последниот сет во своја полза со максимални 6:0 во гемови.
 
Во вториот синг меч од денешната програма Рубен Бемелмамнс за противник ќе го има фаворитот Енди Мареј. 
 
Утре на програмата е дуелот во двојки, а за недела закажани се последните два меча во поединечна конкуренција.