Бизнис
30. November 2020 - 16:32

Бектеши: Нема анализа која потврдува дека враќањето на иселениците го зголеми бројот на невработени

Повратниците од странство не ја билдаат невработеноста.  Министерот  Бектеши контра неговата колешка Шахпаска која тврди дека бројката на невработени се зголемила зашто нашинците во странство поради пандемијата се вратиле дома. Бектеши, појаснува дека досега нема анализа која би го потврдила ова, но смета оти и дел од работниците кои работеле на црно сега се пријавени во АВРМ за да ги користат антикризните мерки.   

Според податоците на АВРМ од стартот на пандемијата до сега вкупниот број на невработени се зголемил за околу 50 илјади лица. Но поради Ковид без работа останале над 15 илјади. На најголем дел од отпуштените им истекле договорите за работа. Работните места најчесто ги губат оние со средно или основно образование. Од агенциите за посредување при вработувања  истакнаа дека многу малку од работодавачите се пријавуваат дека имаат потреба да ангажираат кадар за работа.