Loading Video...
Фудбал
10. February 2020 - 0:30

Барселона се изнамачи да го победи Бетис

Фаворизираната Барселона се изнамачи да освои три бода на „жешкото“ гостување кај Бетис. 
 
На дуелот одигран во Севиља, а со кој беше комплетирано 23.коло во Ла Лига, гостите победија со 3:2.
 
Вопрвиот дел. Со головите на Каналес од пенал (6.минута) и Феки (26) Бетис во два наврати имаше предност, но каталонците успеваа да израмнат преку Де Јонг (9) и Бускетс (45+3). 
 
Лионел Меси и овојпат беше човекот на одлука. Откако Аргентинецот асистираше за головите во првото полувреме, уште еднаш токму по неговиот центаршут Барселона постигна гол, односно Французинот, Ленглет во 72-минута ги постави конечните 3:2. 
 
Со оваа победа Барселона останува на негатива од три бодови во однос на лидерот Реал Мадрид кој сега има вкупно 52 бода.