Фудбал
28. September 2020 - 10:43

Барселона моќно ја започна сезоната во Ла Лига

Екипата на Барселона моќно и со четири постигнати голови во мрежата на Виљареал ја започна новата сезона во шпанската Ла Лига. 
 
Турбулентното лето очигледно е веќе заборавено, па избраниците на новиот тренер Роналд Куман на најдобар можен начин ја отворија сезоната. 
 
Целата работа Каталонците ја завршија во првото полувреме 
 
17-годишниот Ансу Фати беше стрелец на првите два гола во 15-тата и 19.минута,  по што следуваше голот на Лионел Меси од пенал во 35-тата, за во 45.минута Торес да си постигне автоголот и да ги постави конечните 4:0 за Барселона.