Loading Video...
Ракомет
12. May 2022 - 11:00

Барса славеше над Флензбург, а ПСЖ се спаси од пораз од Кил

Екипата на Барселона направи голем исчекор кон пласманот на завршниот фајнал-фор трурнир во ракометната Лига на шампиони. 
 
Шпанскиот тим го победи Флензбург на гостински терен со 33-29 во првиот натпревар од четвртфиналето, па во реваншот Барса само ќе треба да ја потврди својата доминација и учеството на завршницата во Келн, 
 
Затоа пак ПСЖ се спасуваше од пораз во мечот со Кил. Германскиот тим на почетокот на вториот дел имаше и пет голови предност, а на крајот и напад за победа, но од Париз се враќа со нерешен резултат 30-30. 
 
Реванш фуелите во Шпанија и Германија на програмата се на 19 мај, а вечерва во Данска и Полска ќе се играат првите четвртфинални дуели меѓу Алборг и Веспрем, односно Киелце и Монпелје