Loading Video...
Фудбал
5. јуни 2021 - 15:50

Барди со негативен тест на Ковид-19, им се приклучува на останатите репрезентативци

Најдобраите македонски фудбалери, денеска имаат заслужен ден за одмор. Прекрасна вест за целата селекција, но и нација е што Енес Барди конечно ќе се приклучи на останатите, откако денеска тој доби негативен тест бна Ковид 19. 
 
Доколку подготвителните дуели со Словенија и Казахстан (селекции кои требаше да бидат пандан на Австрија и Украина, нашите   противници на европското) тогаш овие средби за избраниците на Ангеловски би требало да се мерило колку и што можеме да очекуваме од црвено-жолтиоте на Европското првенство. Според прикажаното со право може да веруваме дека Македонија на своето деби на Европските шампионати има што да покаже. 
 
Сепак селекторот Ангеловски истакнува дека ова се само подготвителни натпревари и дека не е потребна еуфорија, а најважнто допрва претстои . 
 
„Целта на овие два меча беше да пробаме тимски и тактички варијанти, но и сите да добијат минутажа. Тоа се покажа успешно на двата натпревари, благодарам на навивачите пред се, добро е што ги поздравивме со таква победа. Но, не ни треба еуфорија, Македонија нека ја живее таа еуфорија, а ние мора да стоиме цврсто на нозе“, изјави Ангеловски.
 
Подготовките продолжуваат во Скопје, а своето деби Македонија ќе го има на 13 јуни, кога нашите фудбалери ќе ги одмери силите со Австрија во првото коло од групата Ц на дуелот во Букурешт, каде на 17 јуни ќе играме и против Украина, додека последниот натпревар црвено-жолтите ќе го играат на 21 јуни во Амстердам против Холандија