Свет
6. February 2016 - 9:20

Бан: Најмалку 34 групи од светот се лојални на ИД

Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун изјави дека до средината на декември 34 групи ширум светот изразиле лојалност кон Исламска држава, додавајќи дека нивниот број во 2016 година ќе се зголемува.

Бан истакна дека ИД претставува „опасност без преседан“ поради нејзината способност да ги убеди групите од целиот свет, како од Филипини, од Узбекистан, од Пакистан, од Либија и од Нигерија да и изразат лојалност.

Тој додаде дека земјите-членки на ОН треба да се подготват за зголемување на бројот на напади од групите поврзани со ИД, чии членови патуваат во други држави за да извршат напади и да ја прошират својата мрежа.

- Неодамнешното ширење на сферата на влијание на ИД надвор од западна и северна Африка, Блискиот Исток и јужна и југоисточна Азија укажува на обемот и брзината со која опасноста порасна само во 18 месеци, потенцира Бан.

Тој наведе дека ИД е „најбогата терористичка организација на светот“, која во 2015 година од нафтата и нафтените деривати заработила од 400 до 500 милиони долари и покрај ембаргото за трување на нафта со џихадистичката група.