Loading Video...
Свет
20. January 2022 - 16:31

Бајден очекува Путин да ја нападне Украина

Американскиот претседател Џо Бајден мисли дека Владимир Путин ќе направи некаков потег во Украина, но и дека не посакува целосна војна. Русија ќе се соочи со брзи и силни еконсомки санцкии од САД и неговите сојузници ако изврши инвазија на Украина порача Бајден. Секое движење на руските сили преку границата ќе се третира како инвазија.

- Русија воено ќе надвладее во инвазијата, но ќе претрпи големи загуби. Ова не е само воена прошетка за Русија, ќе плати висока цена, веднаш, краткорочно, среднорочно и долгорочно, рече Џо Бајден.

Западот со недели предупредува дека Москва се подготува да ја нападне Украина откако над 100 000 руски војници се собраа на границата. Кремљ негира дека се планираат воени дејствија но испорача низа барања до САД и НАТО, меѓу кои гаранции дека Укрина никогаш да не стане членка на НАТО и одбранбените активности на воениот сојуз да бидат ограничени само на земјите члнеки. За безбедносните гаранации што Москва ги бара од Западот уште во Женева ќе разговараат шефовите на дипломатиите на Русија и на САД, Лавров и Блинкен.