Бајден: Мајмунските сипаници се причина за загриженост
Епидемијата на сипаници е нешто за што „сите треба да бидат загрижени“, изјави денеска американскиот претседател Џозеф Бајден.
Бајден додаде дека американските здравствени власти размислуваат за потенцијални терапии и вакцини.
-Ние сме многу ангажирани и се обидуваме да најдеме начини да дејствуваме, има кажа Бајден на новинарите во Јужна Кореја пред да замине за Јапонија, следната станица на неговата азиска турнеја.
Во меѓувреме, Светската здравствена организација соопшти дека работи на дополнителни насоки во врска со епидемијата на оваа болест.
-СЗО работи на дополнителни упатства за ублажување на ширењето на мајмунски сипаници, поради загриженоста дека бројот на случаи може дополнително да се зголеми во текот на летните месеци, рече Дејвид Хејман, претседател на Стратешката и техничката советодавна група на СЗО за заразни опасности со пандемиски и епидемиски потенцијал.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите