Автобус удри во градинка во Канада, загинаа две деца
Градски автобус денеска удри во градинка во канадскиот град Лавал, северно од Монтреал, при што загинаа две деца.
Шест деца завршија во болница. Возачот на автобусот (51) е уапсен и обвинет за убиство и возење во пијана состојба. Полицијата сè уште утврдува зошто возачот на автобусот удрил во градинката.
Градоначалникот на Лавал, Стефан Бојер, рече дека возачот работел за „Сосиете де транспорт де Лавал“ околу 10 години и немал никакви инциденти во неговото досие.
- Постои теорија дека се работи за намерно дело, но тоа допрва треба да биде потврдено од истрагата, рече Бојер.
- Моето срце денеска е со луѓето од Лавал. Ниту еден збор не може да ја отстрани болката и стравот што ги чувствуваат родителите, децата и работниците во градинка – но ние сме тука за вас. Моите мисли се со сите погодени од овој трагичен настан, напишаа канадскиот премиер Џастин Трудо на Твитер
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право