Балкан
29. April 2016 - 12:07

Автобус со бројот 50 прегази трудница во седмиот месец од бременоста

Голема несреќа се случи вчера во Белград кога автобус прегази трудница која е во седмиот месец од бременоста. 

Како што пренесува српскиот Курир, на несреќната жена која е во седмиот месец од бременоста налетал автобус на пешачки премин додека таа ја туркала количката со своето бебе. Таа била итно пренесена на Ургентен со потрес на мозокот, а детето од количката било исто така задржано со повреди во болница.

Несреќата се случила вчера во 16 часот и 20 минути кога на несреќната жена налетал автобус со бројот 50.