Австриските десничарски партии постигнаа договор за коалиција
Австриските десничарски партии ОВП (Народната партија) и ФПО (Партијата на слободата) денеска соопштија дека постигнале договор за формирање на идната Влада.
Лидерот на ОВП Себастијан Курц, кој убедливо победи на неодамнешните избори, ќе биде именуван за канцелар и со 31 година ќе биде најмлад претседател на влада во Европа. Ханс Кристијан Штрахе од партија ФПО ќе биде вице-канцелар. Главни задачи на коалицијата ќе бидат да се намалат даноците и бирократските пречки за бизнисот, да се засили директната демократија и дополнително да се намали приливот на мигранти, соопшти германската новинска агенција ДПА. Владата ќе ја скрати социјалната помош за мигрантите и ќе воведе одделни училишни одделенија за децата на мигранти кои не зборуваат германски. Прашањето на миграцијата беше една од главните теми на изборите на кои победата на Курц му овозможи да ја раскине долготрајната широка коалиција со социјал-демократите.
Се уште не е најавен целосниот состав на Владата. ФПО бараше да ги добие ресорите за внатрешни и надворешни работи, номинирајќи го експертот за блискоисточни прашања Карин Кнеисл за шеф на дипломатјата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација