Бизнис
15. April 2021 - 16:44

АВРM избриша 48.000 невработени поради доцнење со евиденцијата

Вештачки пад на невработеноста. Избришани скоро 50 илјади од евиденцијата на АВРМ, но не поради тоа што се вработиле, туку поради доцнење со регистрацијата. Од 54.0000 лица кои нередовно се пријавувале, повторна евиденција побарале само 6.000. Останатите 48.000 автоматски се избришани, затоа бројката на невработени е помала, велат од Агенцијата. 

Од активните баратели, од скоро 160.000 во февруари, во март има над 14.000 помалку Најмногу избришани, над 32 илјади се пасивните баратели, односно лицата за кои се претпоставува дека  работат на црно и воопшто не бараат работа.

Пад на бројките има и кај лицата кои работата ја изгубиле поради Ковид кризата. Ако до февруари нивниот број изнесуваше 18.226. Во март се за 1.550 лица помалку или 16.700 лица. Од Агенцијата велат дека и овде бројките се помали, затоа што дел од отпуштените газдите повторно ги вратиле на работа, за да ја искористат државната помош за исплата на плати.