Македонија
17. August 2017 - 20:05

Асфалтирани улици ќе добијат штипјани по легализација на дивоградбите

Благодарение на Законот за легализација на дивоградбите, граѓаните од општина Штип кои живеат во диво изградени објекти повеќе нема да газат по кал. По легализирањето на стамбените објекти во неколку штипски населби, Локалната самоуправа има обврска да ги асфалтира улиците кои водат до нивните домови. Досега се асфалтирани на 1 км улици со средства од општинската каса.

Вкупната инвестиција е 1, 7 милиони денари, без ДДВ,  обезбедени од буџетот на општина Штип-изјави Тоше Ѓорѓиев,  раководителот на Одделението за инспекциски надзор во О.  Штип

Граѓаните се задоволни што после две и пол децении ќе можат да се движат по асфалтирани улици.

Овде живеам 23 години. Газевме кал, не се излегуваше надвор. Сега со овој асфалт може да се каже дека ќе ни биде добро, изјави жител на населбата „Света Недела“

Паралелно се врши и пробивање на локален пат кон руралната населба Долани.

Овде средствата се во висина од 120 000 евра, грант од ИПА програмата преку министерството за финансии, додава Ѓорѓиев

Асфалтирањето на овој пат ќе се реализира во текот на наредната недела.