Македонија
22. October 2020 - 16:40

Арсовски: Позициите на Бугарија не се изненадување, притисокот ќе расте поради изборите

Претстојните избори во Бугарија ја комплицираат ситуацијата и тоа е она што го прави неизвесен стартот на преговорите на Македонија со Европската унија. Тврдата позиција на Бугарија наидува на изненадување дури и во самата ЕУ, која е осамена во ставот, но сепак, со право на вето, е ставот на аналитичарот Петар Арсовски.

Сите очи се вперени во средбата Заев – Борисов, но останува малку време за договор, вели Арсовски.

“Средбата многу значајна, дотогаш треба да бидат подготвени за тоа што е прифатливо, а што не...”

Според Арсовски, рано за песимизам. Двете страни прават напори да се постигне решение, но процесот ќе го попречуваат политичари кои ќе пробуваат преку ова прашање да си ја зголемат популарноста, смета аналитичарот.