Македонија
9. August 2022 - 16:30

Арсовска: Отказите се поради земање плата, а недоаѓање на работа

Најголем дел од 33 работници од Комунална хигиена кои добиле отказ од директорката Косана Мазнева не доаѓале на работа, а земале плата, останатите пак, не работеле добро, вели градоначкланичката на Скопје Данела Арсовска по реакции во јавНоста дека во ова јавно претпријатие неосновано се делеле откази.

- Ние, својот мандат го имаме добиено од граѓаните, да им се испорачуваат најдобрите можни услуги и притоа да нема непродуктивни трошења на лица кои не си ги извршуваат своите работни обврски. На крајот, одговорноста за тоа дали работата се завршила како што треба или не, е наша, а оние лице кои не доаѓаат на работа сметам дека треба да наидат на силна осуда во општеството, кажа градоначалничката на Скопје.

Таа како недозволени ги оцени и јавните закани што претходно ги доби од функцинер на ДУИ кој обвини дека отказаите биле од етничка природа. Имено, заменик директорот на УЈП Селами, на Фејсбук напиша:

„Данела, немој да мислиш дека си нашла „планина без волк“, па ќе можеш да правиш што сакаш. Даноци на имот, плаќања за вода, за општинска хигиена, за паркови и зеленило – тоа се плаќања од истите граѓани, кои ТИ со ова твое владеење ги запоставуваш и ги третираш како граѓани од втор ред“.

Но, само по неколку часа Селами ја избриша објавата.

Од Комунална хигиена, вчера соопштија дека на 33 лица кои биле вработени, преку агенција за привремени вработувања, им истекле договорите за работа, но не добиле продолжување бидејки со месеци, па дури и години недоаѓале на работа, а земале плата. Од јавното претпријатија оценија дека на овој начин се става крај на расипничкото трошење на граѓанските пари.