Loading Video...
Фудбал
17. May 2022 - 14:14

Арсенал чекорот подалеку од пласман во Лигата на шампионите

Тимот на Арсенал направи направи голем чекор назад и сега и виси пласманот во Лигата на шампионите следната сезона. 
 
Откако го загуби градското дерби со Тотенхем, фудбалерите на Арсенал претрпеа нов шок и тоа на гостувањето кај Њу Касл во претпоследната рунда од Премиер лигата. 
 
Арсенал загуби со 2-0, но го загуби и четвртото, последно место, што носи пласман во Лигата на шампионите. 
 
„Топџиите“ сега не зависат само од себе. 
 
И доколку во последната руда успеат да го победат Евертон кој се бори за опстанок, тогаш Арсенал ќе треба да се моли на чудо, односно победа последно пласираниот и веќе отпишан Норвич во дуелот против Тотенхем