Loading Video...
Фудбал
15. јуни 2021 - 16:58

Аргентина и Чиле одиграа „реми“, Парагвај со победа ја започна Копа Америка

И во Јужна Америка се игра континенталното фудбалско првенство, на кое Аргентина не успеа да го победи Чиле
 
Во рамките од А групата беа одиграни првите натпревари. Репрезентацијата на Аргентина иако од 33-минута со голот на Лионел Меси имаше водство од 1:0 во дуелот со Чиле, сепак „гаучосите“ не успеаа да се израдуваат на првата победа. 
 
Во 57-минута беше досудена најстрога казна на Чиле, а откако ударот на Видал од белата точка го одбрани аргентинскиот голман Мартинез, на одбиената топка натрча Варгас и ја смести во мрежата, поставувајќи ги конечните 1:1 на овој натпревар
 
Во вториот натпревар од оваа група Парагвај иако губеше со 1:0 по првиот дел со Боливија сепак во вториот Парагвајците постигнаа три гола и со конечни 3:1 го добија овој натпревар. 
 
Следниот меч Парагвајците ќе го играат против Аргентина на 22 јуни, а во меѓувреме „гаучосите“ на 19 јуни ќе имаат тежок дуел со Уругвај. 
 
Вечерва на програмата два натпревари, Колумбија – венецуела и Бразил – Перу.