Loading Video...
Свет
18. January 2021 - 21:18

Апсењето на најгласниот критичар на Владимир Путин предизвика бран од меѓународни критики

Апсењето на најгласниот критичар на Владимир Путин предизвика бран од меѓународни критики.

- Притворањето на политичките противници е спротивно на меѓународните обврски на Русија, Руските власти мора веднаш да го ослободат Алексеј Навални и да ја гарантираат неговата безбедност. Ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата напиша претседателката на Европската комисија на Твитер.

Иста порака до руските власти упатија и  претседателот на Европскиот совет и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. За случајот „Навални“ ќе се диксутира на Советот за надворешни работи на ЕУ на 25 јанаури, а Литванија побара од ЕУ да разгледа нови санкции против Русија поради последните случувања со Навални.

И Германија и САД побараа од Москва да го ослободи опозиционерот и да ги почитува неговите права. 

Одговор стигна од руското Министерство за надворешни работи. Прес службата на министерството ги посетува странските политичари да се фокусираат на домашните прашања и да го почитуваат рускиот закон.

Начинот на кој беше спроведено апсењето на аедоромот Шереметјево дел од политичките ананалитичаи го оценија како демонстрација на сила на државата врз нејзниот најнескротлив граѓанин.

44-годишниот Алексеј Навали во август беше жртва на напад со забранетиот нервен отров новичок, по што беше на лекување во Германија. Синоќа се врати во Русија и беше уапсен веднаш по пристигнување. Според Москва со престојот во Германија ја прекршил условна казна од 2014 година.

- Не се плашам. Се обидуваат да ме стават во затвор во врска со случајот што европксиот суд пресуди во мој корист изјави Навални.

Упрвата за извршување санкции соопшти дека тој ќе остане во истражен затвор  до одлука на судот. Европските лидери денеска ја повикаа Русија  да го расчити нападот со отров врз Навални  и да ги изведе одоговрните пред лицето на правдата.За Навални Путин стои за нападот, Кремљ демантира.