Македонија
24. July 2021 - 16:53

Апел за помош за 66 годишниот Трајко Николов од струмичкото село Добрејци

Во куќа без кров, без приклучок за струја и вода, во соба полна со влага,  таван што прокиснува и подови од гол бетон, вакви се условите во кои го минува животот 66 годишниот Трајко Николов од струмичкото село Добрејци.  Живее сам, а  работа нема. Единствениот приход му се 6000 денари кои почнал да ги добива од државата пред неколку месеци. Благодарен е на помошта, но  со неа  едвај успева да ги обезбеди основните прехранбени намирници, за потребните лекови се снаоѓа како знае и умее. 

Сакал и да работи, но поради возраста никој не сака да го ангажира. Немајќи друг излез решил јавно да побара помош од хуманите луѓе. Не бара многу,  единственото што го сака е  некој да му помогне да го направи кровот  да се опреми собата за да добие основни услови за живот.

За тешките услови  во кои живее Трајко  сведочи и Спасо Јованов  од Добрејци. Вели тој помага колку што може, но сепак не е доволно да се оспособи барем една соба за живот.

66 годишниот Трајко не обвинува никого за неговата состојба и не бара многу. единственото што го сака е  некој да го слушне неговиот апел и му помогне конечно да се направи кров на куќата што започнал да ја гради пред две децении и да добие една пристојна соба за нормален живот.