Македонија
15. November 2019 - 17:48

Антикорупциска: Нема судир на интереси кај Христијан Мицкоски

Антикорупциска утврди дека Мицкоски нема судир на интереси за хидроцентралите. комисијата   едногласно  го затвори предметот против опозицскиот лидер за добиената концесија. По собраната документација антикорупционерите утврдија  дека во моментот на распишување на тендерот за избор на најповолна понуда за изградба на мали хидроцентрали, Мицкоски не извршувал јавна функција и не можел да влијае врз постапката.

Наводите во јавноста и медиумите околу средствата и финансирањето на неговите компании се неточни. Тој дојде во ДКСК и имавме многу конструктивно интервју. Во април 2015 тој е избран за советник на тогашниот премиер Никола Груевски. Во моментот кога се распишува тендерот тој не извршува никаква функција“, рече Катица Николовска, член на ДКСК.

Во исто време антикорупциска побара премиерот Заев да утврди одговорност за вицепремиерот Кочо Анѓушев, заради прикривање на личен интерес. Комисијата тврди дека вицепремиерот Анѓушев не се изземал од владината седница одржана во ноември 2017та на која е донесена одлука за укинување на царината за увоз на литиумски батерии за акумулатори, мерка со која дирекна корист имале фирмите повзани со Анѓушев. Антикорупцинерите сепак не беа едногласни. Двајаца членови на комисијата гласаа против, со став дека не е обезбедена целосна документација за да се докажат ваквите наводи.

Вицепремиерот Анѓушев реагираше преку писмено соопштение. Тврди дека функцијата ја извршува одговорно, во интерес на граѓаните и во согласност во законите и Уставот.

Уште еднаш потврдувам дека во предметот имам доставено изјава со која се изземам од постапување и одлучување. Не ги знам причините поради кои антикорупциската комисија ја донесе одлуката. Откако ќе ја добијам на писмено ќе можам да дадам коментар за истата, се вели во писмената реакција на Анѓушев.

Антикорупцинерите денеска го затворија вториот предмет против вицепремиерот за изградбата на хидроцентрали во националниот парк Маврово. Во овој случај комисјата утврди дек Анѓушев се изземал од сите владини седници на кои се расправало за концесиите, но сепак побара од државата да го приспита влијанието на овие хидроцентарли врз животната средина согласно препораките на Европската унија.