Loading Video...
Македонија
10. April 2020 - 19:45

Антикорупционерите поведоа постапка против обвинителите од СЈО

Антикрупциска отвара пркршочни постапки за имотната состојби и додатоците на поранешни обвинители во Специјалното јавно обвинителство.  Постапка е покрената против Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе.

Во постапката за утврдување на фактичката состојба Комисијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ, велат од антикорупциска.

Во ноември минатата година, владината алатка за транспарентност во трошењето на јавните пари, откри дека специјалните обивнители си делеле огромни хонорари на име додаток за доверливост. Бонусите кои биле делени биле со висона од 1.000 до 150 илјади евра. Најмногу пари зела Јанева која во својот мандат на себе си доделила дури 157 илјади евра како додаток.

Антикорупциската комисија отвори предмет и судир на интереси на надворешниот владин соработник од спортот Даниел Димовски кој како управител на Турд Олимпик под закуп ја зел спортската сала Кале со што според Комисијата остварил приватни интереси и го оштетил буџетот.

Антикорупционерите ќе ги преиспитува и донациите во време на вонредната состојба ппоради коронавирусот, потоа за шпоглаварот на Исламската верска заедница, како и за испитување на нерегистрирани средства за дезинфекција.