Македонија
13. March 2018 - 16:32

Анкета: МПЦ да не отстапи од барањето за афтокефалност

Политичко влијание има одлуката на Македонската православна црква да почне преговори со Бугарската црква за признавање на нејзината автокефалност, ова го открива анкетата на Фондацијата Конрад Аденауер, ИПИС и religija.mk.. Според истражувањето, високи 59,4 проценти од испитаниците одговориле потврдно дека влијанието на политиката придонело МПЦ да преговара за признавање на афтокефалноста со Бугарската православна црква, додека 20 проценти од анкетираните негирале дека зад одлуката на Македонската црвка се замешала и политиката..

На прашањето пак дали е оправдана одлуката на МПЦ да бара признавање од бугарската црква во замена за таа да и биде мајка црква, за 42 проценти од испитаните тоа е неприфатливо, а 35 проценти го одобруваат барањето.. Сепак во анкетата се наведува дека голем процент од испитаните и не го знаеле точното значење на поимот мајка црква, термин кој има симболично значење во процесот на промоција на новата црква пред останатиот црковен свет..

Според анкетата на Конрад Аденауер, ИПИС и religija.mk, најголем дел од испитанците сметаат дека самостојноста на МПЦ, прва треба да ја признае Српската црква но не по цена да прифати соединување со Православната Охридска Архиепископија на Јован Вранишковски..

Близу 55 проценти од анекетираните не прифаќаат во Македонската православна црква да се вклучи и јовановата црква а огромен број од испитаниците и сметаат дека ПОА нема легитимитет да ги претставува православните верници во државата..

Инаку анкетата насловена Религија – Политика – Општество е реализирана во јануари врз 1.107 испитаници кои на прашањата одговарале телефонски..