Фудбал
12. јуни 2021 - 18:56

Ангеловски: Знаеме дека нѐ сметаат за аутсајдери на ова првенство, тоа не ни пречи

За помалку од 24 часа Македонија ќе го почне настапот на Европското првенство, возбудата расте и кај навивачите и кај фудбалерите.

- Не може да скриеме дека не обземаат силни емоции сите во националниот тим. Јас можам само да му се заблагодарам на капитенот Горан Пандев и овие момци што нѐ доведоа сите да го живееме овој сон. Пресреќни сме што Македонија ќе може да навива за својата селекција на еден ваков голем собир и со тоа треба да сме горди. Треба да се гордееме што сме на Еуро 2020, ама не застануваме тука – сакаме уште повеќе, вели селекторот Игор Ангеловски.

„Знаеме дека нѐ сметаат за аутсајдери на ова првенство, но нам тоа не ни пречи. Напротив, ни носи дополнителен мотив. Добро сме подготвени, одработевме добри подготовки и знам дека секој од фудбалерите со нетрпени ја очекуваме пресметката со Австријците“.