Македонија
5. May 2021 - 21:15

Анализа - Каква опасност носи раздвојувањето на Македонија и Албанија на евроинтегративниот пат?

Проблемот со Бугарија треба да се надмине за на земјава да и се отвори патот кон ЕУ. Еврокомесарот Вархеји вчера рече дека услов за старт на преговиорите е Макеоднија да го реши  билатералниот спор со соседната земја. И домашните експерти велат дека од искуството со спорот со Грција научивме дека преговори меѓу Скопје и Софија мора да има и од нив да произлезе прифатливо решение. 

Ако не се изнајде решение, Вархеји вчера рече дека е можно Албанија и Македонија да бидат раздвоени во процесот и АЛбанија да исчекори напред. Сепак, Кацарска вели дека во моментов е рано да се тврди дека Албанија ќе добие старт на преговорите во јуни. 

И додека Вархеји вчера најави можност за раздвојување на Македонија и Албанија, некои од земјите членки на Унијата сакаат да помогнат на земјава. Таков е случајот со Австрија чија Влада смета дека двете земји мора да останат во пакет и земјата сака да помогне во просецот. Сепак, експертите велат дека дејството на земјите кои сакаат да помогнат во надминување на проблемот е ограничено затоа што Бугарија е земјата која е во клубот и ги поставува условите.