Loading Video...
Балкан
6. February 2021 - 16:46

Анализа: Како се одвива имунизацијата во регионот и Европа

Регионот, како и светот, се подели на оние кои се на брзата лента на вакцинација и на оние кои не ни почнале со имунизација. 

БИХ се уште чека вакцини од Ковакс програмата, вкупно 1,2 милиони дози на АстраЗенека и Фајзер. Но, Република Српска го изгуби трпението и на своја рака нарача руски вакцини. Првите 2000 дози веќе пристигнаа, а до крајот на месецов се очекуваат уште сто илјади дози на Спутник. 

Политиката ги помеша плановите за набавка на вакцини во Црна Гора. Новата Влада најавува дека првите вакцини сепак ќе пристигнат од Русија, 50.000 во првиот квартал, а уште толку во вториот. Меѓутоа понудите за донации на кинески вакцини од грчкиот бизнисмен Статис  кои ги најави претседателот Ѓукановиќ беа одбиени.

Косово се уште се надева на донации од Албанија. Се чекаат британски вакцини кои преку Ковакс системот треба да почнат да пристигаат во контигенти по 20.000 во растојание од по два недели на крајот на месецов. Ковската Влада најави и дека се купени и 500.000 дози на Фајзер, а се надеваат и на донација од Австрија. 

Во Албанија вакцинацијата тече. Првите дози во јануари беа добиени како донација. Во меѓувреме дојдоа директните нарачки од Фајзер, а до крајот на февруари треба да пристигнат нови 40.000 дози, а се преговара и со Астразенека. Премиерот Рама кој се вакцинираше и по вторпат, се пофали дека заедно со Србија се единствени во регионот кои се успешни во процесот.

Србија е неприкосновен лидер во регионот, но и меѓу првите во светот.  Со 7,9 проценти на имунизирано население тие се седми во глобални рамки. Населението таму има можност и да избира која вакцина ќе ја прими. Сепак светски рекордер за вакцинирање против ковид е Израел, каде процентот на имунизација е 62 проценти.