Македонија
24. March 2023 - 21:13

Анализа: Дали острите тонови од Софија се само предизборие или бугарска стратегија кон Македонија?

Заканите и острите реакции од Софија за затворањето на  бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, се контрапродуктивни за Бугарија. 

Аналитичарот Владимиров смета дека тоа не би требало да е официјална стратегија на Бугарија, имајќи ги предвид ставовите на мнозинството од Европската Унија. За претседателот Радев вели дека ја злоупотребува моменталната политичка ситуација во државата.

„На изборите во април точно ќе се знае кој работи за доброто на Бугарија, а кој е продолжена рака на Москва и е против проширување на ЕУ“. Според Владимиров, Бугарија треба да е мост меѓу западно европските земји и ЕУ. 

Во однос на одбивањето на Софија да ги регистрира здруженијата на Македонците, Владимиров вели дека Уставот на Бугарија не дозволува да се извршат пресудите од Стразбур, бидејќи не предвидува регистрирање на здруженија во кои се користат етнички придавки. 

Според Владимиров, Бугарија треба да е мост меѓу западно европските земји  и ЕУ и фокусот мора да се измести од историјата кон иднината и економската соработка.