Македонија
15. April 2021 - 16:42

Амзоски инвестирал во проектот на Боки 13 поради ангажманот на претставници од власта

Не сакал да го гледа на телевизија ама инвестирал во проектот на Боки 13 бидејќи зад изградбата на старечкиот дом гледал дека се вклучени и луѓе од власта. Оштетениот бизнисмен, Ардијан Амзоски, кој денеска сведочеше во случајот Меународен сојуз, рече дека на обвинетите Јовановски и Мандиќ им дал скоро 600 илајди евра за проектот, но откако невладината не го испочитувала договорот, Амзоски, побарал да му се вратат парите назад. 

Го прифатил проектот бидејќи оценил дека ќе има финансиска корист ама пресудно да инвестира било што Меѓународниот сојуз го поддржувале и луѓе од власта.

На следното судење ќе сведочи и бизнисменот Сиљан Мицевски кој според обвинението, заедно со Амзоски биле измамени од Јовановски и неговите соработници, а во тоа помогнала и поранешната претеничка Ременски.