Спорт плус
18. August 2017 - 13:50

АМС: Зголемена поддршката за охридскиот маратон

Зголемена  поддршка за Охридскиот пливачки маратонВо сабота, во Охрид ќе се одржи 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон.Ова   традиционално   спортско   натпреварување   е   дел   од   Гран   при   серијата   наМеѓународната пливачка федерација.Оваа година, прекрасниот Охрид е домаќин на вкупно 22 натпреварувачи. 15 натпреварувачи во машка и 7 во женска категорија.Повторно   ќе   бидеме   сведоци   на   одличната   физичка   и   психичка   подготвеност   нанатпреварувачите,   кои во   охридските  води  ќе   го   манифестираат   натпреварувачкиотдух, фер плејот и желбата за успех.Поради состојбата и последните случувања околу пливачкиот маратон во Охрид, оваагодина,  Агенцијата   за   млади   и  спорт   одлучи   да   издвои  двојно  повеќе   финансискисредства со цел да се одржи континуитетот на оваа традиционална манифестација.Работиме на подобрување на состојбата во пливањето и водените спортови, заедно содомашните федерации и професионалните спортисти докажани во оваа област.