Loading Video...
Свет
26. February 2021 - 16:55

Американската војска, по налог на претседателот Бајден изведе воздушен напад во Сирија

Соединетите држави извршија воздушни наапди во Сирија насочени кон објкети во близина на ирачката граница што ги користи проиранската милиција  Катаиб Хезболах . 22 –ца милитанти се убиени и уништени се многу објкети. Пентагот соопшти дека воената операција  е одговор за неодманешните напади во Ирак против персоналот на САД и коалицијата.

-Сигурни сме во целта која одлучивме да ја нападнеме и знаеме што направивме. Сигурни сме дека таа цел беше користена од истата шиитска милиција кога ги изврши нападите рече Лојд Остин, секретар за одбрана на САД

Синоќешната воена акција е прва преземена од админситрацијата на Бајден, која според аналитичарите е демонстрација на волја за одбрана на американските трупи во Ирак.

Најмалку 300 ученички се киднапирани од страна на вооружена група во нигерискиот град Јангебе. Тие  биле грабнети од  државното средно училиште за девојчиња Јангебе. Нигериските власти препотствуваат  дека зад денешнот масовно кидпапирање стои криминална банда, а не Терористичката група Боко Харам

Србија воведува нови антиковид мерки  за време на престојниот викенд.  Угостителските објекти и трговските центри низ целата земја  ќе работат до 14 часот, а бензинсиките пумпи по 14 часот ке работат само за точење гориво. Нема промена во работното  време на прехранбените продавници кои како и досега ќе работат до 21 часот, додека фризерските салони до 20 часот. Мерките се воведуваат поради зголемиот број на заразени со корона соопшти кризниот штаб. Вчера беа регистрирани над 3500 нови случаи.