Loading Video...
Спорт плус
3. July 2022 - 14:23

Американките повторно златни на СП во ватерполо

На Светското првенство во водени спортови што се одржува во Будимпешта ватерполо турнирите дојдоа до самиот крај. 
 
Кај дамите. Американките ја одбранија шампионската круна. Актуелните светски и олимписки шампионки Американките до новиот злен медал стигнаа со победата во финалето над домашната селекција на Унгарија со 9-7. 
 
Бронзата им припадна на Холанѓанките кои во дуелот за 3.место ја победи  Италија со 7-5. 
 
Во машка конкуренција. За бронзениот медал ќе се борат  Хрватска и Грција, додека вечерва од 20 часот на програмата е финалето во кое за златниот медал ќе се борат Шпанија и Италија.