Амбасадорот на БиХ Јаќимовиќ порача дека на Балканот му е потребен мир, војните на сите им се преку глава
Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јакимовиќ денеска имал средба со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, на која разговарале и за нон пејперот, кој деновиве ја разбранува јавноста, околу наводната поделба на БиХ и прекројување на границите на Балканот. Јакимовиќ при денешната посета на Штип и на градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов порача дека на сите на Балканот им е потребен мир, и оти војната им е преку глава.
-Секоја држава особено Словенија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина имаат свој став околу нон пејперот. Она што сигурно можам да го кажам и како амбасадор на Босна и Херцеговина е дека пред се сите сакаме мир на овие простори, бидејќи војна и сите тие воени случувања на сите ни се преку глава. Јас мислам дека на сите пред се ни треба мир, секако добра економија и стабилност, вели Јакимовиќ.
Амбасадорот на БиХ Јакимовиќ и штипскиот градоначалник Николов разговарале околу восптоставување на подобра економска и туристичка соработка. Николов истакна дека на средбата разговарале и за збратимување на градот Штип, со некој град во оваа држава, со цел подобра соработка и развивање на пријателство. Јакимовиќ очекува деновиве Босна и Херцеговина и Македонија да потпишат и договор за соработка во делот на туризмот.
Ново на Сител
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка