Алтернатива влезе во владината коалиција
Вечерва на прес- конференција портпаролот на Алтернатива Орхан Муртезани по седницата на централниот совет на партијата изјави дека Алтернатива се приклучува на владиното парламентарно мнозинство.
- Имаше седница на Централното собрание на Алтернатива. Се дискутираше и за вклучување на Алтернатива во Владата, а Гаши ги информираше сите за преговорите и превземените одбори. Централното собрание одлучи со мнозинство гласови одлучи да се приклучи на актуелната Владата, рече Муртезани.
Муртезани појасни некои од причините поради кои Алтернатива одлучила да се приклучи на владата.
- Пред треба да се спомене историскиот момент на отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија, кои не се само историски државни цели, туку и албански, затоа што на овој начин заедно со нашата земја на патот кон интеграција и стабилност се отвора патот за целиот регион. Дополнително, се договоривме владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација, како што се: Монструм, Алфа, Дива Населба, Алмир Алиу итн. Договоривме и точки кои се однесуваат на правичниот регионален развој, економскиот развој на Липковско, заштитата на семејството како јадро на општеството, што е нашата основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата, која е исклучително важна во ова време. Сметаме дека постигнувањето на овие договори е голема победа за нашата држава, за Албанците во Северна Македонија и пошироко, но и партиска победа на Алтернативата. Останатиот дел од преговорите бил фокусиран на обврските што Алтернатива ќе ги преземе во владата. Со влегувањето во влада, кога се соочуваме со политички грч, Алтернатива сакаше и успеа да докаже дека не само што е клучот за решавање на оваа криза, ниту само декор со четири пратеници, туку таа ќе преземе и важни одговорности кои се однесуваат на стратешките интереси артикулирани погоре. Ние ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата, објасни портпаролот Муртезани.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок