Loading Video...
Свет
9. јуни 2021 - 12:31

Албанското Собрание денеска ќе ја почне процедурата за разрешување на претседателот Илир Мета

Албанското Собрание денеска ќе ја почне процедурата за разрешување на претседателот Илир Мета. Пратениците треба да го усвојат извештајот на анкетната комисија за кршење на уставните надлежности од страна на претседателот Илир Мета и да гласаат за негово разрешување, што се случува за првпат во тридеценискиот плурализам во земјата. Според сите јавни изјави на Мета, неговите објави на социјалните мрежи, пред и за време на изборната кампања, анкетната комисија дошла до заклучок дека претседателот сериозно прекршил 17 члена од Уставот.

Освен што се соочува со разрешување Мета може да се најде и пред Специјалното јавно обвинителство, СПАК за две сериозни кривични дела, јавни повици за насилно однесување и поттикнување национална омраза.

Уставниот суд ќе одлучи за тоа дали Илир Мета го прекршил Уставот или не и дали неговите изјави предизвикале несакани последици, а одлуката ќе биде донесена во рок од три месеци.

Шефот на државата пак во повеќе наврати кажа дека тој на функцијата останува до 24 јули 2022, односно до крајот на мандатот.