Балкан
28. February 2016 - 8:46

Албанската полиција заплени 500 килограми марихуана

Албанската полиција на граничниот премин Капштица, на албанско-грчката граница кај Корча, заплени 500 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Грција.

Дрогата била откриена во камион-шлепер со кој управувал Елди Захири (38) од албанскиот пристанишен град Драч.

-Оваа голема количина дрога беше откриена при скенирање од страна на царинските работници на преминот Капштица. Ова е најголема количина на запленета марихуана на овој премин во последните шест месеци, се наведува во полициското соопштение.

Возачот е уапсен. Полицијата се сомнева дека во оваа криминална активност се вмешани и други лица, кои треба да бидат отркиени во текот на истрагата.