Балкан
9. March 2020 - 16:59

Албанија ги затвори училиштата, ЕУ ги лимитираше состаноците

Затворени училишта во наредните 10 дена, нема јавни собири и летови кон Италија до 3 април-албанските власти веднаш превземаа итни мерки против Ковид19 откако потврдија дека вирусот стаса и кај нив. Заразени се две лица, татко и син, кои се  вратиле од Италија. Надлежните велат дека  нема простор за паника.

– „Бидете свесни и совесни, најголем непријател е паниката, а не ковид-19. Тоа не е чума од средниот век, ние не сме соочени со нешто непознато. Сите сме изложени на вирусот, и затоа да работиме заедно, да се заштитиме. Советите се едноставни за следење и им се препорачуваат на сите луѓе во светот.

И додека вирусот предизвикува се поголем хаос и паника во светот, има и такви на Балканот кои го предизвикуваат да дојде.

Ковид 19 не ги исплаши ниту Грците, каде има над 70 заболени. И покрај препораките на властите граѓаните да останат дома, тие слободно шетаат на улица. Над 15 нови случаи има и во Словенија. Во Србија, пак, учениците нема да одат на екскурзии во странство.  По Кина, најпогодена и понатаму е Италија, каде во изминатото денононоќие починале над 133 лица, а  драстично се зголемил бројот и на заразени. Слична е ситуацијата и во Германија, таму во изминатите 24 часа позитивни на вирусот биле 265 пациенти.  

Тешко со ширењето на вирусот се справува и Франција, каде властите побараа помош од пензионираните доктори и студенти по медицина за лекување на болните. Позитивен на Ковид 19 е и вработено лице во Дизниленд. Во Брисел заразени се околу 340 лица. Па,Коронавирусот почна да ја блокира и работата на Советот на ЕУ. Веќе е намален бројот на состаноци во зграда во Брисел, а за секој нареден ќе се одлучува дали ќе се оддржи. Засега превентивни мерки нема во седиштето на НАТО, иако веќе има заразен функционер. Руските власти пристапија кон поригорозни мерки, и се заканија со 5 години затвро за секој граѓанин кој се вратил од странство, а не се ставил во самоизолација.