Македонија
22. April 2021 - 8:32

Активни 18.469 случаи на заразени со Ковид-19, министерот за здравство со апел за исклучителна внимателност

Според последните информации од Министерството за здравство активни се 18469 случаи на заразени со Ковид-19. Министерот за здравство оцени дека рестриктивните мерки кои се на сила, даваат резултати, оти е намален бројот на позитивни случаи, но нагласи дека периодов мора да бидеме исклучително внимателни.

– Бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19. Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати. Без разлика што бројќите паѓаат, периодов мора да бидеме исклучително внимателни, поради непредвидливоста на вирусот,  објави на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.

Во земјава се воведени рестриктивни мерки кои подразбираат полицискиот час кој почнува од 20:00 часот,  затворени кафеани, кафулињата, како и угостителскиот дел од обложувалниците кои можат да примаат уплати преку наплатен пулт. Забрана за работа имаат фитнес-салите, спортските и салите за вежбање, а се забранува и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.

Собранието, на вчерашната 39-та седнива  донесе одлука за прогласување кризна состојба на дел од територијата на државата донесена Одлуката за прогласување кризна состојба на дел од територијата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти и заради заштита на јавното здравје во услови на пандемија.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 148618, бројката на оздравени пациенти е 125593, на починати е 4556.

Според последните податоци од Министерството за здравство вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1641 и има околу 380 празни болнички кревети во ковид центрите.

Вкупно 689 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
 
Во ковид центрите во болниците низ земјава, е пријавено дека се лекуваат вкупно 952 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.
 
Постојано се прават исписи на оздравени пацинети и внес на нови, така што бројките се менуваат од час во час.
 

Имено, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Досега во земјата се направени вкупно 698.132 тестирања на Ковид-19.