Loading Video...
Кошарка
6. April 2021 - 17:16

Академија Пандев прв финалист во Купот на Македонија

 
 
Академија Пандев прв првата екипа која обезбеди пласман во финалето на фудбалскиот Купот на Македонија
 
Во првиот полуфинален меч од Купот на Македонија кој практично беше реприза на последното финале (пред две години), екипата на Академија Пандев славеше победа над Македонија ЃП со 3:1 и се избори за ново финале. 
 
Струмичани одлично го отвори натпреварот и во 14.минута со голот на Ферати поведоа со 1:0. 
 
Притисокот што го направија домаќините вроди со плод во 31.минута кога Ајрулаху го израмни резултатот на 1:1. 
 
Само три минути подоцна гостите останаа без играч помалку откако стрелецот на голот Ферати заработи втор жолт картон. 
 
И на спротивната страна два жолти картони заработи Китановски кој беше исклучен во 59.минута, само четири минути подоцна откако Радески од пенал одново и донесе предност на Академија Пандев. 
 
Иако домаќините со сите сили се обидоа да стигнат до израмнување сепак тоа не се случи, напротив. Во шестата минута од судиското дополнение Радевски одново од пенал го постигна третиот гол за Струмичани и го потврди пласман во финалето. 
 
А, во него Академија Пандев ќе игра со подобриот од вториот полуфинален меч што на програмата е утре од 13 часот, а во кој ќе се сретнат Струга ТЛ и Силекс