Loading Video...
Фудбал
27. September 2020 - 18:51

Академија Пандев по непостоечки пенал го победи Силекс со 1:0

На прволигашките фудбалски терени кај нас денеска се одиграа пет натпревари од 7.коло 

На дуелот во Струмица, Академија Пандев го победи Силекс со 1:0 со гол од непостоечки пенал во 90-тата минута. 
 
Имено, се играше последната минута од мечот кога по уфрлувањето на топката од левата страна во казнениот простор на гостите еден од домашните фудбалери реши да падне, а главниот судија Јосип Бартон како едвај да чекаше таква ситуација и без многу коилебање покажа на белата точка. 
 
Постоеше ли прекршок за најстрога казна најдобро се гледа од повторената снимка. 
 
Кратовци реагираа на ваквата одлука на судијата, но таа не беше променета, па Кире Маркоски овој „поклон“ од Бартон го претвори во гол за водство и победа на домаќините од 1:0. 
 
Од Силекс уште еднаш реагираат дека се мета на лоша и „криминална“ арбитража која се провлекува во неколку наврати, потсетувајќи на натпреварот во Струга кога на кратовци им беше поништен чист гол поради наводен офсајд, а во продолжението Силекс го загуби мечот од Стрига ТЛ со 2:0. 
 
Комплетни резултати од 7.коло во ПМФЛ
 
денеска 
ПЕЛИСТЕР -  ШКЕНДИЈА 1 – 3 
ВАРДАР -  БЕЛАСИЦА 3 – 1 
РЕНОВА -  МАКЕДОНИЈА Ѓ.П  1 – 3 
СТРУГА ТЛ -  ШКУПИ 2 – 0 
А. ПАНДЕВ -  СИЛЕКС 1 – 0 
вчера
БОРЕЦ -  РАБОТНИЧКИ 0 – 0 
 
 
ТАБЕЛА
1 ШКЕНДИЈА 17 бодови 
2 ШКУПИ 13
3 МАКЕДОНИЈА ЃП 13
4 БОРЕЦ 12
5 СТРУГА 11
6 СИЛЕКС 10
7 РАБОТНИЧКИ 10
8 ВАРДАР 10
9 ПЕЛИСТЕР 9
10 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 6
11 РЕНОВА 5
12 БЕЛАСИЦА 0