АИ бара да запре враќањето на мигранти од Грција во Турција
Организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешанл“ ја повика ЕУ да го запре варќањето на бегалци од Грција во Турција, кое е предвидено со Договорот меѓу Брисел и Анкара за запирање на бегалскиот прилив.
Во документ на 38 страници објавен синоќа, АИ оценува дека Договрот ЕУ-Турција е назконски и несовесен.
Според Договорот, сите илегални мигранти кои ќе дојдат на грчките острови од турсла територија по 20 март, треба да бидат вратени во Турција. Во замена за ова, ЕУ за секој вратен илегален мигрант се согласи да прифати по еден сириски бегалец од Турција, како и да и исплати шест милијарди евра помош на Анкара, да воведе визна либерализација за турските државјани и да го забрза процесот на приближување на земјата кон Унијата.
АИ е против ваквиот договор, бидејќи смета дека „мигрантите не добиваат ефикасна заштита во Турција“, како и дека земјата нема доволни капацитети за разгледување на сите барања за азил и не ги исполнува некои од основните услови за да може да биде сметана за „сигурна држава“.
- Во своите обиди да го запре влезот на илегални мигранти во Европа, ЕУ свесно го занемарува тоа што се случува во Турција, изјави директорот на АИ за Европа и Централна Азија, Џон Далхујзен.
Според податоците на организацијата, Турција не им дава целосен бегалски статус на бегалците и поголемиот дел од нив не примаат никаква помош од државата.
АИ оценува и дека постои опасност Турција принудно да врати некои од сириските бегалци во Сирија. Ваква оценка АИ ја даде и во претходниот извештај за состојбата со бегалците во Турција и тогаш Анкара официјално ја отфрли таа можност.
Во Турција во моментов се регистрирани околу три милиони бегалци и мигранти, од кои 2,75 милиони се Сиријци.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај