Loading Video...
Фудбал
19. јуни 2021 - 13:24

Агрентина го доби дербито против Уругвај

 
Репрезентацијата на Агрентина го доби дербито против Уругвај во рамките на А групата на Копа Америка. 
 
„Гаучќосите“ забележаа минимална победа со 1-0 со голот на фудбалерот на Реал Бетис, Гаудо Родригез постигнмат во 13-минуита, а по одличната акција и нафрлувањето на Лионел Меси.
 
Во продолжението Уругвајците се обидуваа со сите сили да стигнат до израмнување, но обидите на Кавани и Суарез не вродија со плод. 
 
Агрентиунците сега се на првото место на табелата со 4 бодови колку што има Чиле, односно еден повеќе од трето пласираниот Парагвај кој има и натпревар помалку како и Уругвај кој заедно со Боливија засега немаат освоено ниту еден бод. 
 
Во следната рунда Аргентина ќе игра со Парагвај, а Уругвај задутре се среќава со Чиле.