Македонија
6. April 2020 - 16:59

Агенција за вработување: Нема значајни промени во бројката на вработени или отпуштени во споредба со лани

Коронавирусот го наполни дворот на Агенцијата за вработување. Странките чекаат во редици за да ги завршат обврските. Велат се чека и до еден час.

Се чека заради новиот режим на работа. Согласно препораките на владата смеат да влегуваат само по двајца

Тие што чекаа денеска чекаа и за пријава и за одјава на работници.

Од Агенцијата за вработување велат дека во изминатиот период нема значајни промени во реализираните пријави/одјави од задолжително социјално осигурување, споредбено со истиот период минатата 2019 година. Исто така, за истиот период не се забележани поголеми промени во однос на бројот на евидентираните невработени лица.

Според  последната анкета пак на Институтот за политички истражувања Скопје, направена на потребите на емисијата Детектор, еден од 5 вработени изгубиле работа заради кризата со коронавирусот.