Свет
20. March 2018 - 9:35

Абас го нарече американскиот амбасадор во Израел „кучкин син“

Палестинскиот лидер Махмуд Абас го обвини амбасадорот на САД во Израел, Дејвид Фридман дека ја подржува изградбата на еврејски доселенички населби на Западниот Брег, нарекувајќи го при тоа „кучки син“.  

- Тој кучкин син вели дека градат на своја земја. Тој е доселеник и сите во неговото семејство се доселеници, а тој е американски амбасадор во Тел Авив. Што друго би можеле да очекуваме од него, изјави Абас на средба со членовите на палестинското раководство.

На ваквата изјава на Абас остро реагираше амабасдорот Фридман, кој го обвини палестинскиот лидер за антисемитизам.

- Неговиот одговор беше да ме нарече кучкин син, Дали е тоа антисемитизам или политички говор? Јас нема да судам, ви го препуштам тоа вам, изјави Фридман во обраќање на Конференцијата за борба против глобалниот антисемитизам, што се одржа во Ерусалим. 

Фридман, кој ја поддржува изградбата на еврејски досленички населби на Западениот Брег, беше еден од најжестоките поддржувачи на одлуката на американскиот преседател Доналд Трамп од декември минатата година за признавање на Ерусалим за главен град на Израел и за преместување на Амбасадата на САД од Тел Авив во овој град. 

На изјавата на Абас реагираше и израелскиот премиер Бенјамин Натанјаху, кој оцени дека одлуката на Трамп за Ерусалим го предизвикала вербалниот напад на палестинскиот лидер кон американскиот официјален претставник.

Одлуката на Трамп беше со воодушевување поздравена од страна на израелската Влада, но од друга страна таа предизвика гнев меѓу Палестинците кои изминатиов период организаа повеќе протести.

Согласно Резолицијата на ОН за создавање на Државата Израел за нејзин главен град е прогласен Тел Авив, став што го почитуваат најголемиот број земји во светот. Израелците меѓутоа за свој „вечен и неделив“ главен град го сметаат Еруслами, каде што се наоѓаат и израелкските државни институции. Од друга страна, Палестинците сакаат источниот дел на Ерусалим да биде главен град на нивната идна држава.