Македонија
6. July 2015 - 16:40

81- годишен старец од Богданци, блудничел врз петгодишно дете

81 годишен старец од селото  Стојаково, општина Богданци блудничел врз петгодишно дете. Грозоморниот чин старецот го извршил пред четири дена на полето во близина на селотото.

Како што информираше полицијата на втори овој месец во периодот помеѓу 16 и 17 и 30 часот 81годишникот  во атарот на Стојаково кај месноста викана ,,Голиот рид,, извршил блудни дејствија врз петгодишно дете. Против старецеот полицијата  денеска поднесе кривична пријава за полов напад врз дете.

-Секторот за внатрешни работи-Струмица, Надворешна канцеларија за криминалистички работи-Гевгелија,  до ОЈО-Велес поднесе кривична пријава, против  Д.Ш (81)  од с.Стојаково,  поради постоење основано сомнение дека пријавениот  сторил кривично дело „Полов напад врз дете“, предвидено во член 188 став 1 од кривичниот законик на Република Македонија- рече Хризантема Рендевска портпарол на СВР СТрумица.

Освен кривична пријава  од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Велес,  на пријавениот  Д.Ш. му е одредена мерки притвор во траење од 30 дена.